ОВР Пробиштип поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје и управителот М.Ш.(39), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, соопшти МВР.

Пријавеното правно лице и одговорното лице во текот на мај 2022 година, по пат на електронско јавно наддавање биле избрани за најповолен понудувач за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РСМ. Но, тие не го уплатиле целокупниот износ поради што Општина Пробиштип била принудена да ја активира банкарската гаранција. При активирање на гаранцијата, Општината била известена дека во банката не постои банкарска гаранција, односно банкарската гаранција била фалсификувана“, се вели во полициското соопштение.

На тој начин, Општина Пробиштип од пријавените не успеала да го наплати своето побарување, при што ѝ е причинета материјална штета во вкупен износ од 932.400 денари (околу 15.000 евра).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.