Филмско бегство се подговувало во најголемиот македонски затвор КПД Идризово. Во затворот се откриени два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници. Бекството е спречено, а полицијата вршела претрес во затворот, пренесува „360 степени“.
Во единственото официјално соопштение од Обвинителството што е објавено досега, потврдено е дека имало претрес во КПД Идризово со цел, како што е наведено „за обезбедување доказен материјал“.
Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ ’Идризово’ – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“ – соопштија од Обвинителството.
Претресот во повеќе простории на затворот Идризово потврден е и од МВР.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (11.4.2024 г.) под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ ’Идризово’, даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривичноправни дејствија. Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми“ – соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.