На разбојниците кои во понеделникот рано наутро ограбија маркет на улица „Востаничка“ во населбата Црниче ноќеска, не им одело сè по планот. Како што се гледа на новото видео објавено од „Скопје 1“, сефот кој го украле при бегството им паѓа од возилото.

Како што веќе пренесовме, маркетот беше ограбен откако крадците со возило влетаа во влезот и го демолираа, потоа го украдоа сефот и заминаа во црвено возило. На видеото се гледаат четворица од нив како се враќаат за да го приберат испаднатиот сеф додека алармот од маркетот пишти.

Од МВР соопштија дека на 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.