По преземени мерки и активности, полициски служебници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода Х.С.(20) и Е.П.(18), двајцата од Скопје.

Ккао што соопштија денеска од МВР, тие се сомничат дека на 24.10.2022 на ул.„Босна и Херцеговина“, по претходна расправија поради недоразбирање во сообраќајот, со уште едно лице физички го нападнале Д.К.(60) од Скопје, по што Х.С. со остар предмет му нанел повреди.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.