Македонската полиција денеска фати двајца бегалци од затвор.
Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово.
Ф.Ј. е осуден на затворска казна во траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, а имал за доиздржување две години, четири месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.
Исто така, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш.(40) од село Зрновци, општина Зрновци, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово.
Ф.Ш. е осуден на затворска казна во траење од две години и пет месеци за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а имал за доиздржување шест месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.