Вчера во 12.55 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја привеле Ј.Ч.(37) од Прилеп.
Таа била барана по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.