Во текот на вчерашниот ден (03.01.2022) на територијата на СВР Штип спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 32 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 16 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 16 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.
Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.