Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.М.(35) и Г.Н.(36), двајцата од Кавадарци.

Околу 19.10 часот бил забележан Г.Н. како со патничко возило „форд“ влегува во дворот на М.М. и како разменуваат нешто, а откако излегол од дворот, на улица „7 Септември“ бил извршен преглед во возилото и бил пронајден хероин, велат од МВР.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.М., при што биле пронајдени и одземени амфетамин, хероин, марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.

Двајцата биле приведени во Полициската станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.