Денеска во 09.05 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода М.Л.(50) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години и два месеца за сторено кривично дело во врска со чл. 418 -б, 418-в (трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти) и член 273 (перење пари).
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.