Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров вчера ги привеле С.А., со што се расчистени пет кривични дела кои тој ги извршил, и тоа една тешка кражба во црква на подрачјето на Гази Баба, две тешки кражби во цркви на подрачјето на Аеродром, една тешка кражба во црква во нас. Бутел на подрачјето на Чаир и една кражба во црква во Ѓорче Петров, соопшти МВР.
Тој е приведен во полициска станица Гази Баба и при извршен службен разговор С.А. го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. Во консултација со јавен обвинител од страна на Единицата за внатрешни работи Гази Баба во текот на денешниот ден е поднесена соодветна пријава по брза постапка и лицето е изведено пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.