Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Виница, вчера по преземени мерки и активности расчистија 12 кривични дела, од кои 10 тешки кражби сторени во цркви, една тешка кражба во продажен објект и едно одземање на моторно возило извршени на подрачјето на ОВР Виница во претходниот период, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Притоа, како што се посочува, во полициска станица е извршен службен разговор со Е.А.(20) од Виница, кој непријавено престојувал во Кочани, при што Е.А. ги признал делата и го појаснил начинот на кој ги извршил.
По документирање на случајот против него ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.