На ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, вчера во 13.15 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(36) од Скопје.
Тој се сомничи дека во текот на септември и октомври годинава извршил повеќе кривични дела „разбојништво“ во аптеки во Скопје и една „тешка кражба“ во обид во стан.
Од МВР информираа дека лицето било задржано во полициска станица и по преземени мерки, во координација со Јавен обвинител, биле расчистени разбојништва што ги сторил во три аптеки, а се преземаат мерки за расчистување и на останатите кривични дела.
По целосно расчистување и документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.