На 05.09.2023 полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско, соопшти МВР.
При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.