Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и полициски службеници од ПС Драчево вчера во 18:30 часот на ул. „Иван Хаџиниколов“ во Скопје го лишија од слобода Д.Ј. (43) од Скопје, баран со потерница поради бегство од затвор, а осуден на казна затвор во траење од 13 години и еден месец поради сторени кривични дела по чл.237 (Разбојништво), чл.215 (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори) и чл.236 (Тешка кражба) од Казнениот законик

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.