Вчера во 18.20 часот на улица „8 Март“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Е.(40) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и три месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик (тешка кражба). Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.