Вчера во 12.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 11.50 часот во атар на с.Неготино, општина Врапчиште, додека бил во нива на неговиот брат кај место викано „Маврица“, од експлозија на рачна бомба со повреди се здобил Б.А.(51) од с.Неготино.

Тој бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување на лекарска помош.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со екипа од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР. Се работи на расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.