Педесет и тригодишен маж е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера на патот Куманово-Крива Паланка.
Несреќата се случила вчера наутро околу седум часот и триесет минути, на крстосница од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, локален пат кон с.Клечовце и локален пат кон с.Макреш, општина Старо Нагоричане.
Во несреќата учествувале „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од педесет и тригодишниот Г.С. од с.Младо Нагоричане, и возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од четириесет и двегодишниот И.Б. од скопското село Долно Соње, по што Г.С. се здобил со тешки повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.