Соседи, членови на две семејства вчера жестоко се пресметале во скопската населба Чаир.

И двете групи употребиле огнено оружје и ножеви.

Со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27).

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош, велат од МВР.

По насилството, полицијата изврши увид и приведе две лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.