Едно лице загина, а две се повредени во несреќата што се сллучила вчера околу 14.30 часот на експресниот пат Штип–Радовиш.

Како што соопштува МВР, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(30) од Скопје и товарно возило „цитроен берлинго“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В.(44) од Радовиш.

На местото на несреќата починал возачот М.В., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Со телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ј. и сопатникот од истото возило А.Џ.(44) од Скопје, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.