Вчеравечер околу 21:20 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот В.Б. од гостиварско село, кој бил пријавен од неговиот 28-годишен брат дека околу 21 часот во семејниот дом физички го нападнал.
Се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.
Ноќеска, пак, десетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец Б.Б. кој претходно бил пријавен од неговите родители дека
околу 22 часот во семејниот дом се однесувал агресивно и им се заканувал.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.