Едно лице почина на местото на сообраќајната несреќа, а 20-мина работници се повредени во директен судир меѓу комбе и патничко возило, што се попладнево околу 15 часот се случил на излезот од Битола кон Демир Хисар. Од СВР Битола потврдија дека сообраќајката е со жртва и неколкумина повредени кои со возило на Итната медицинска помош се пренесени на лекување во Клиничката болница во Битола, дознава „СДК.мк“.

Повредените се работници од фабрика од битолската индустриска зона кои комбето најверојатно ги превезувало дома по завршувањето на првата смена на работа.

Повеќе на СДК.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.