Двегодишно дете од Ресен, првично хоспитализирано во Битола, па препратено за Скопје, починало вечерва на Детската клиника оо ковид 19, дознава Слободен печат од свои болнички извори.
Смртта настапила во Ургентниот центар на Клиниката за детски болести, а детето било примено во 7 часот изутринава како итен случај од Битола и интубирано.
Според директорката на Клиниката, доктор Стојка Нацева Фуштиќ, ковид не е причина за лошиот исход, иако брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето, а негативен кај мајката.
Детето нема медицинска историја кај нас, бидејќи фамилијата живее во Германија. Од податоците што ги добивме има сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева маана ВСД, заостаток во моторниот развој. Ковид сигурно не е причина за лошиот исход. Брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето, а негативен кај мајката – изјави доктор Фуштиќ за Слободен печат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.