– На 20.04.2024 на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “Пежо” со кочански регистарски ознаки управувано од 40 годишниот А.Н. од Кочани и патничко моторно возило “Шкода” со скопски регистарски ознаки управувано од 66 годишниот Б.Д. од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на Пежото и сопатничката 64 годишната Л.Д. во Шкодата, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип. Повреден е и 66 годишниот возач од Скопје, брачен другар на сопатничката во возилото шкода со скопски регистерски таблички. Префрлен е во штипскиот Клинички центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.