Во казино на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје вчера во 16:30 часот било пријавено дека по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 42-годишната Г.Т. од Кавадарци и 23-годишната Т.Т. од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

Во 20.10 часот, пак, Б.Т.(30) од Скопје, со привремен престој во Струга, пријавила дека околу 19 часот во влез од зграда во Струга била физички нападната од Г.М. од Струга (женско лице).

Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.