Две момчиња завршија во притвор поради тоа што ограбиле угостителски објект во Гостивар.
Полициски службеници од Полициската станица Гостивар вчера во 11.20 часот во Гостивар го лишиле од слобода А.М.(18) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во угостителски објект на ул.„Мара Угринова“ во Гостивар, каде одзел пари.
Во врска со настанот, по кратко време, во полициска станица се пријавил и еден малолетник, кој исто така е осомничен за инволвираност во извршување на кривичното дело – информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.