Полициски службеници од СВР Велес вчера приведоа три лица кои учествувале во физичка пресметка меѓу две групи во Велес, информира денеска Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Полициски службеници од СВР Велес на 9 декември, во 16:40 часот ги привеле 23 годишниот М.В. и 22 годишната Е.Д., двајцата од Велес и 30 годишниот Д.К. од Струмица, поради тоа што кај место викано „Плочата“, по претходна вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале и Б.Н, С.Ј. 38-годишен и М.В., сите од Велес, посочи Ѓаковска.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.