На 31.03.2024 во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода А.А.(45) и Ш.Н.(23), двајцата од Штип. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип од каде се обиделе да одземат повеќе предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот.

По целосно комплетирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.