Денеска (01.07.2024) во 03:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба од страна на две лица бил предизвикан пожар на надворешниот дел од спортска обложувалница.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.