На 03.01.2023 во 16.00 во ОВР Македонски Брод било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, кај место викано ,,Ветарник“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управуван од М.М.(73) од с.Лисичани, Општина Пласница и автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.Ј.(47) од с.Зајас, кичевско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.А.(47) од с.Зајас, додека возачот Е.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.