Во Полициската станица Гази Баба вчера се приведени Б.С.(33) и Ф.Б.(56), двајцата од село Студеничани, постапувајќи по пријава од З.Ц.(55), претседател на ловно друштво според која околу 15:00 часот во ловиштето Бунарџик, во атарот на село Трубарево, кое е под концесија на ловното друштво, се вршел лов, иако немале издадено дозвола за лов на наведеното место за тој ден.

Според пријавеното, на местото на настанот биле затекнати двете лица со патничко возило џип со скопски регистарски ознаки, со ловни пушки кои ги поседувале со дозвола и улов во возилото, соопшти МВР.

Оружјето е привремено одземено, а за случајот е запознаен инспектор за шумарство и ловство и против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за ловство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.