Во Полициската станица Кичево вчера во 22:55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на превојот „Стража“, патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.У.(22) од село Поповјани, кичевско, излегло од коловозот и удрило во заштитна ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Н.(19) од Кичево, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Во 00:10 часот, пак, во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат село Здуње-село Дебреше, гостиварско, Б.С.(19) од село Здуње, управувајќи патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Во несреќата, сопатникот во возилото В.С.(22) од село Долна Бањица, гостиварско, се здобил тешки телесни повреди констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.