Двајца работници во текот на вчерашниот ден се здобија со тешки повреди на работните места.
Во 10.20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди бил донесен Т.М.(22) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачје на Гази Баба – Скопје. Увид бил извршен, а за настанот бил известен трудов инспектор.
Во ОВР Прилеп, пак, било пријавено дека при извршување работни задачи во фабрика во Прилеп, со тешки телесни повреди се здобил А.Ј.(49) од с.Селце, Прилепско. Тој бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.