Двајца 19-годишници од тетовските села Порој и Џепчиште се уапсени откако со со автомобил се обиделе да прегазат полицајци.

Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска во 00.30 часот во тетовското село Групчин го лишиле од слобода О.М.(19) од тетовското село Џепчиште, и А.М.(19) од село Порој.

 

Тие физички нападнале и со возило „фолксваген лупо“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал О.М., удриле полициски службеници кои извршувале службени дејствија – информираат од МВР.

Двете момчиња биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.