Двајца возачи на автобуси, при контрола на Граничниот премин Табановце, биле фатени дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

МВР информира дека вчера и денеска, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин – Табановце била извршена контрола на два автобуси, кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(40) од село Мојанци, Општина Арачиново, и автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.З. (37) од Тетово, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата, соопштуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.