– Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин запленет е од страна на македонската и грчката полиција во акција во Грција координирана со американската ДЕА.
Вредноста на кокаинот се проценува на повеќе од 10 милиони евра.
Разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани.
Од македонското МВР потврдуваат дека во тек е голема акција, но детали најавуваат по целосното зваршување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.