Двајца колеги се степале на работно место на почетокот на март, но случајот бил пријавен во полициска станица многу подоцна.

Како што информира МВР, на 27.03.2023 во 15.30 часот во Полициска станица Центар В.К.(50) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 01.03.2023 околу 09.00 часот, додека бил на своето работно место во објект на ул. „11 Октомври“, на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега Н.А.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.