Уапсен е 35-годишен скопјанец кој ѝ се заканувал на поранешната сопруга.

На 11.04.2023 во 20.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(35) од Скопје затоа што упатил закани кон неговата 34 – годишна поранешна сопруга, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кај него биле пронајдени два ножа, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.