Вчера, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д. М. (20) од гостиварско село, со престој во Гостивар.

Тој се сомничи дека со сопругата на татка си, П. М. (47), физички ја нападнале неговата 23-годишна сестра и не ѝ дозволиле да излезе од домот.

Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор и со П.М.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.