На 23.11.2023 во 00.00 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле Ф.К.(21), Л.Б.(19) и П.Ф.(18), сите од Скопје, затоа што со возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое без дозвола го управувал Ф.К., не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници и агресивно се однесувале кон нив при извршување службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.11.2023 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправна установа Затвор Идризово, 32-годишниот осуденик З.Н. од с.Батинци, скопско, агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2023 околу 22.00 часот на подрачје на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.Т.(39) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. Исто така, при извршена контрола било констатирано дека А.Т. бил баран со централна потерница за издржување затворска казна во врска со кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Еден час подоцна во Драчево бил лишен од слобода и М.К.(37) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.