Ноќва во 04.05 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, пред с.Подмочани, ресенско, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.