Полицијата уапсила скопјанец, кој дома имал лабораторија за производство на марихуана.

При апсењето, кај него била откриена половина килограм дрога.

На 30.08.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(35) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и апарати за лабораторија за производство на марихуана – информират од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.