Пет скопски средни училишта денеска по електорнска пошта добиле порака дека е поставена бомба.
Денеска во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреса на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористичкки проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Учениците од училиштето „Орце Николов“ се евакуирани, односно кажано им е само да ги напуштат училниците бидејќи во училиштето ќе се врши дератизација.
По завршување на шестиот час ни рекоа да го напуштиме училиштето, бидејќи требало да се врши дератизација. Никој ништо не спомна за некаква бомба, вели ученик во гимназијата „Орце Николов“.
Порталот „Сакам да кажам“ објави дека истата порака за поставена бомба е пратена и во средните училишта „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.