На 28 август, околу 16 часот и 20 минути на регионалниот пат Тетово-Скопје, на влез во тетовски Групчин, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.Б.(44) од тетовски
Чифлик и Н.Ф.(23) од тетовски Требош.

Двајцата се сомничат дека околу 14 часот и 20 минути, по претходни меѓусебни недоразбирања, учествувале во намерно предизвикана сообраќајна несреќа помеѓу „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управуван од Ј.Б. и „бмв“, исто така, со тетовски ознаки што го управувал Н.Ф., велат од СВР Тетово и додаваат дкеа се расчистува и документира случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.