Од 19 до 23.10.24 година, се одржува Меѓународната асоцијација на шефови на полиција, во Бостон, САД, каде што македонската делегација предводена од Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев се сретна и со федералнaта Заменик Помошник Јавна обвинителка Никол Арџентиери, раководител на Службата за криминал при Одделот за правда на САД, соопштија од МВР.
На средбата беше упатена благодарност за сите активности кои се спроведуваат за поддршка во градење на капацитетите и модернизација на македонската полиција кои Владата на САД ја дава во рамки на програмата на ИЦИТАП преку Амбасадата на САД во Скопје. Взаемно беше нагласена заложбата и неопходноста за одржливост на постоечките проекти, а воедно идентификација и воспоставување на нови проекти и зајакната понатамошна соработка во насока на зацврстување на позицијата и потврда на кредибилноста на македонската полицијата во борбата со криминалот од една страна, како и иницијативи за понатамошно градење на полициско-граѓанско партнерство и доверба, се вели во соопштението испратено до медиумите од министерството за внатрешни работи.
Директорот на БЈБ во рамки на настанот ја искористи можноста и да се сретне со своите колеги и делегации од регионот, со цел здружување на напорите во бескомпромисната борба со криминалот на регионално и глобално ниво преку воспоставување на заеднички операции и заеднички обуки, тренинзи и практични вежби.
Во текот на престојот најавени се и останати средби и активности на Македонската делегација, додаваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.