На 20.03.2023 година полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на С. Т. (38) во Скопје.

При претресот пронајдени се четири најлонски кеси со околу 800 грама марихуана и две стаклени тегли со околу 200 грама марихуана и седум куршуми. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.