Вчера во 16.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген голф“, едното управувано од И.К.(24) од Скопје, а другото од С.Н.(32) од Куманово, и двете со кумановски регистарски ознаки, по што возилото управувано од И.К. удрило во малолетничка од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште тројца сопатници од двете возила, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.