Две лица се уапсени вчеравечер во инцидент што се случил по завршувањето на вечното дерби меѓу кошаркарските клубови МЗТ Скопје и Работнички.
Како што соопштија од МВР, во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(50) и С.С.(19)-женско лице, двајцата од Скопје.
По завршување на спортски натпревар во салата „Јане Сандански“, М.С. се однесувал агресивно кон полициските службеници, а С.С. физички ги нападнала полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат оттаму.
Претходно видеа од инцидентот беа објавени на порталот МК денес:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.