Скопјанка на возраст од 26 години е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје.

На 09.02.2023 во 08.10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од улица Александар Урдаревски и улица Натанаил Кучевишки, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот Х.П.(26) од Скопје, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.