На 27 ноември, во 13 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Видоја Смилевски-Бато“, во близина на тетовско основно училишта, патничко моторно возило „фолксфаген голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната А.А. од Скопје удрило во малолетен пешак.

Во несреќата, малолетничката се здобила со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.