Родител пријавил во СВР Скопје дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачје на Шуто Оризари.

Таткото на 11-месечното бебе тврди дека тоа било тешко повредено во градинката 8 Април во Шуто Оризари. Тој вели дека бебето било само два ипол часа во градинката и за тој период добило видливи повреди под десното око, гребнатини по телото и скршена му била клучната коска. За повредите сметаа дека се виновни двете негувателки кои не го информирале навремено семејството. Кога мајката го однела бебето дома забележала дека тоа плаче без престан. Првично сметала дека тоа е така бидејќи бебето овој месец почнало да оди во градинка и се уште му е фаза на адаптација, но подоцна ги забележала видливите повреди по телото и по одговори се упатила во градинката.

Негувателките тврдеа дека е нормално за бебето да е вознемирено затоа што му растеле заби. Таа нервоза кај бебето била причина за самото да се повреди, вели за „Телма“, Имер Салиу, татко на бебето.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 19:50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08:00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10:00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, се наведува во соопштение на Министерството за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.